Лејкерс од проблем во проблем: Леброн ја пропушта и Јута, неизвесен и за Њу Орлеанс и Денвер

Седумнаесеткратниот освојувач на НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс се наоѓа во лоша ситуација. На седум меча до крајот на регуларниот дел од првенството тимот е на 10. место на табелата со што „виси“ настапот во плеј-инот па секој натпревар до крајот ќе биде од огромно значење.

А, во дел од нив Лејкерс нема да можат да сметаат на Леброн Џејмс кој ја прекина турнејата на Западот и се врати во Лос Анџелес каде ќе се рехабилитира од повредата на скочниот зглоб на левата нога. Тој нема да настапи на дуелот со Јута, а неизвесен е и за настапите против Њу Орлеанс и Денвер, исто како и Ентони Дејвис кој поради повреда на стаполот не е во комбинација за настап од 16. февруари.

Тимот од „градот на ангелите“ е во серија од три порази едно по друго, а до крајот на регуларниот дел го очекуваат средби со Јута, Њу Орлеанс, две средби со Денвер, Феникс, Голден Стејт и Оклахома.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...