Лејкерс поразени од Минесота, нова победа на Голден Стејт (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа осум натпревари. Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс продолжуваат да се „мачат“ сезонава во НБА лигата, откако синоќа доживеаја пораз од Минесота Тимбервулвс со 110-102.

Карл Ентони Таунс со 28 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај „езерџиите“ најефикасен беше повратникот во најсилната лига во светот Ајзеа Томас со 19 поени.

Голден Стејт Вориорс продолжува со победите. Овој пат на „мени“ на Вориорс беше Бостон Селтикс кој го совладаа со 107-111. Стеф Кари со 30 и Ендрју Вигинс со 27 поени беа први имиња во победничкиот табор, додека кај поразените Тејтум заврши со 27.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда Орландо – Мајами 105-115, Атланта – Денвер 115-133, Њу Орлеанс – Милвоки 116-112, Јута – Сан Антонио 126-128, Портланд – Шарлот 125-116 и Сакраменто – Мемфис 105-124.

Се вчитува...