Во тек на приказната дека Леброн Џејмс и Лука Дончиќ ја „спукаа“ и не се сложуваат најдобро, ЛА Лејкерс го реши горчливото прашање околу центарската позиција, кое би требало значано да го подобри тимот следната сезона.
Деандре Ејтон, првиот пик на НБА драфтот во 2018 година, е нов кошаркар на Лејкерси, пренесува „ЕСПН“.
Последните две сезони ги помина во Портланд, а со Лејкерси ќе остане уште две години. Според извештаите, во првата сезона ќе заработи 34 милиони долари.
Ејтон има просек од 16,4 поени и 10,5 скока во кариерата со 59% шут во изминатите седум сезони и ќе биде огромен поттик за тимот на Лос Анџелес, кој лесно беше надигран од Минесота во првото коло од плејофот оваа сезона и беше надигран најмногу под кошот.
Ејтон го имаше најдобриот период во својата кариера од 2018 до 2023 година со Финикс Санс. Со нив, тој стигна до големото финале во НБА во 2021 година, но овој тим загуби од Милвоки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА