Лејкерси му нанесоа „дебакл“ на Голден Стејт за ново водство

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс, одново победија на домашен терен во дуелот со Голден Стејт, и повторно водат во серијата со 2-1. Лејкерси убедливо со 30 разлика (127-97) го совладаа противникот, благодаренире на одличната игра во втората и во четвтрата четвртина кога го „декласираа“ противникот.

Иако ја загубија првата четвртина со 23-30, во втората целосно се вратија и ја добија со дури 18 разлика, за предност на полувремето. Третата четвртина ја зголемија предноста добивајќи ја со 27-20, а целосниот „потоп“ на Голден Стејт се случи во последниот период кога тимот од Лос Анџелес уфрли 41 поен, наспроти противничките 29.

Дејвис со 25 поени го предводеше Лејкерс до победата, додека Леброн со 21 беше вториот најефикасен кај победничката екипа. Кај гостите Кари беше најдобар со 23 поени, но не можеше се сам против разиграните Лејкерси.

Се вчитува...