Лејкерси целат „високо“

По десетгодишниот пост, Лејкерс ја вратија титулата во Лос Анџелес, а намеруваат да ја задржат и следната сезона. Ентони Дејвис, Двајт Хауард и Џавејл Мекги беа клучот за заштита на рекетот, нешто што го доби и конференциското финале против Денвер, а со истиот рецепт 17-кратниот шампион ќе се обиде и во следната сезона.

На радарот на тимот од Ел-Еј се наоѓаат искусните Марк Гасол и Серж Ибака, кои оваа претсезона се слободни играчи па лесно би можеле да им се приклучат на дуото Џејмс-Дејвис во походот кон „ту-пут“.

Шпанското дуо во 2019 година ја освои титулата со составот на Торонто, со што ја запре династијата на Голден Стејт.

Се вчитува...