Лејно: Горда сум на новата победа во ЛШ

Амандин Лејно со 20 одбрани беше најзаслужна за домашната победа над Ларвик, а француската голманка по мечот не го криеше задоволството по триумфот со кој беше осигуран пласманот во главната фаза од ЛШ.

Ларвик беше одличен, ни беше многу тешко да победиме. Имавме контрола на настаните на мечот, се подобрувавме од минута во минута. Ларвик беше посебно добар во одбраната и играше мудро цел натпревар. Како и да е, јас сум горда на сите како одигравме и горда сум на новата победа во ЛШ“, изјави Лејно.

Ирина Дибирова призна дека убедливиот триумф во Норвешка бил главната причина поради која „вардарки“ денеска не одиграа на своето вообичаено ниво.

Моите ракометарки беа малку опуштени по случувањата на првиот меч. По ова е јасно дека мора да одиграме максимално сериозно против секој ривал, бидејќи лесно може да стигне казна. Ќе мора да се прикажеме во вистинско светло на следната средба во Унгарија против ФТЦ“ – изјави Дибирова.

Се вчитува...