Лејсон Зекири ја избра Приштина пред Работнички

Лејсон Зекири ќе ја мине следната сезона во дресот на Приштина, откако младиот македонски кошаркар реши да ја прифати понудата на косовскиот клуб пред онаа на Работнички, откако најтрофејниот македонски клуб исто така покажа сериозен интерес за овој играч.

Зекири веќе има преддоговор со Бешикташ, но ќе мора да одигра уште една година во друг клуб пред да се пресели во Турција. Во Работнички се надеваа дека ќе успеат да го убедат на преселба во таборот на „центарци“, но наместо тоа ja прифати понудата на Приштина.

Лејсон Зекири е дел од списокот на селекторот Бајиќ за претстојните претквалификации, а се очекува младиот центар да се најде во тимот и на денешниот пријателски меч меѓу Македонија и Црна Гора.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prishtina BC (@prishtinabc)

Се вчитува...