Лејвер: Роџер може да игра и по четириесеттата година

Легендарниот Род Лејвер смета дека Роџер Федерер уште некое време нема да се повлече од тенисот. Федерер неодамна наполни 38 години, трет е на АТП листата, а сезонава го освои Мастерсот во Мајами и играше финале на Вимблдон.

„Тој чувствува дека може да игра уште неколку години. Мислам дека може да игра и над 40 години. Сега има 38 и е прилично добар. Видовте во финалето на Вимблдон дека играше егал натпревар против Ѓоковиќ, а имаше и меч топки“, изјави Лејвер. 

Федерер моментално има 20 освоени грен-слем титули, еден повеќе од Надал и четири од Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...