Лекиќ: Поразот со ЖРК Вардар во финалето од ЛШ ми е најболен во клупската кариера

Андреа Лекиќ беше предводничка на моќниот проект на ЖРК Вардар, тим исполнет со бројни ркаометни ѕвезди кој редовно стигнуваше до фајналфор турнирот во Будимпешта, но за жал ниту еднаш не успеа да се искачи на врвот на ракометна Европа.

Српската ракометарка се осврна на времето минато во македонскиот клуб, не криејќи ја тагата што не успеа да стигне до титула во Лигата на Шампионите со Вардар.

„Искрено, поразот со ЖРК Вардар, оној вториот, ми е најболниот пораз во клупската кариера. Беше толку болно, две години по ред работите напорно, стигнувате до финале, и останувате без титула во последните секунди…. Искрено, две три седмици потоа не ми се допираше топка, не ми беше до ништо, бевме толку силни, толку сплотени, заслуживме да бидеме на врвот… Дури и сега, после толку години, се уште искрено жалам што не ни се исполни таа голема желба“, истакна Лекиќ.

Се вчитува...