„Л’Екип“ се пошегува со Пике и во најцрните денови за Каталонија

Жерар Пике се најде на насловната страница на францускиот спортски весник „Л’Екип“, по неговите контроверзни изјави во врска со референдумот за независност, како и случувањата во Каталонија.

Шпанецот со своето јавно искажано мислење ја „раздрма“ атмосферата во националниот тим на „фуријата“ во пресрет на последните квалификациски мечеви од циклусот за СП 2018, а францускиот медиум се потруди со карикатура да ја опише целокупната ситуација.

Сите добро ја паметат фотографијата на Пике со Нејмар, на која дефанзивецот напиша дека Нејмар ќе остане во Барселона, но потоа го оствари рекордниот трансфер во ПСЖ. Фразата (Se queda) ја искористи и „Л’Екип“, но илустрацијата покажува како полицаец присилно го држи Пике, и речиси перфектно отликува се што се случуваше деновиве во Каталонија.22199331_10214472882365861_18461519a0_o525321020171003130640

Се вчитува...