Леклер и Норис најбрзи во Мелбурн

Возачот на Мекларен, Ландо Норис и возачот на Ферари, Шарл Леклер беа најбрзи на тренинзите во Мелбурн, пред Формула 1 трката за Големата награда на Австралија.

Норис беше најбрз на првиот тренинг со 1:18,564, а пред Макс Ферстапен од Ред Бул со 0,018 секунди заостанување. Трет беше Џорџ Расел од Мерцедес со 0,033 секунди заостанување. Шарл Леклер беше четврти на првиот тренинг.

На вториот тренинг, пак, најбрз беше токму Леклер со 1:17.277 пред Ферстапен и Саинц. Возачот на Астон Мартин, Ленс Штрол и Фернандо Алонсо завршија на четвртото и петтото место, а шести беше Џорџ Расел од Мерцедес.

Третиот тренинг се вози ноќва меѓу петок и сабота, квалификациите се утре од 6 часот по средноевропско време, а трката за Големата награда на Австралија се вози во недела од 5 часот.

Се вчитува...