Леклер: Немам доверба во болидот на Ферари

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, трката во Мајами ја заврши на разочарувачкото седмо место, а неговиот тимски колега Карлос Сајнц беше петти, иако стартуваше од третата позиција.

Леклер зборуваше за проблемите со болидот кои го мачат неговиот тим велејќи дека нема доверба во неговото возило.

„Имаме болид кој е неверојатно тешко да се доведе до лимит. Се уште сме многу далеку од тоа и се обидувам да најдам одговор на прашањето зошто сме толку добри во квалификациите, а на трките се мачиме. Имаме многу работа пред нас. Едноставно немам доверба во овој болид, не знам како ќе реагира“, рече Леклер.

Тој беше најголемиот конкурент на Макс Ферстапен за титулата минатата сезона. Ферари ја започна оваа сезона со големи амбиции, но моментално е само четврти во поредокот кај конструкторите.

Се вчитува...