Леле, Мбапе колку ќе „лапе“: ПСЖ му нуди 32.000 евра на ден!

Напаѓачката сензација на Монако, Килијан Мбапе, и понатаму е најпосакуваниот фудбалер во овој летен преоден рок. Реал Мадрид, Манчестер сити, Арсенал и Пари Сен Жермен, се клубовите кои се најсериозно загреани да го доведат во своите редови, а францускиот гигант веќе излезе и со конкретна понуда.

ПСЖ му нуди 32.000 евра дневно, како заработка на младиот голгетер на Монако. Тоа е неделна плата во износ од 225.000 евра, и тоа во наредните пет сезони. Навистина фантастична сума за младиот напаѓач, кој се уште нема свој автомобил и мајка му го вози на тренинг.

Мбапе во Монако моментно заработува 18.000 евра неделно. Секако дека и понудите на Реал Мадрид, Манчестер сити и на Арсенал нема многу да се разликуваат, можно е дури и да бидат зголемени, па јасно е дека брзоногиот напаѓач набрзо ќе влезе во друштвото на милионерите.

Се вчитува...