Леле, што направивме: Владо Илиевски, гостин на одбојкарите (ФОТО)

Стрелецот на најважните поени во историјата на македонската кошарка, Владо Илиевски, издвои дел од слободното време за да ги посети нашите одбојкари во Љубљана. Остана легендарна неговата изјава „Леле луѓе, што направивме“ по тројката со Литванија, која сега одлично се вклопува и во описот на одличните игри на одбојкарскиот национален тим на нивното премиерно учество на едно Европско првенство.

Поранешниот кошаркарски репрезентативец им честиташе на одбојкарите за одличните игри во изминатите два дена и победите над Белорусија и Словенија, изразувајќи надеж дека тоа ќе им биде доволно за пласман во осминафиналето.

За потсетување, Македонија моментно е четвртопласирана во својата група, но за да остане на оваа позиција што значи учество во следната фаза, неопходно ќе биде во последниот меч од групата Турција да триумфира над Финска.

Се вчитува...