Лемурите од Македонија рекоа: Хрватска ќе победи во финалето на СП!

Постојано слушаме за животни од целиот свет кои предвидувааТ победници на светските и европски првенства во фудбал. Најпознат прогнозер беше октоподот Пол, а неодамна сибирскиот тигар од Зоолошката во Краснојарск предвиди победник во полуфиналето на Светското првенство во Русија.

Па, зошто и ние да не испратиме една прогноза пред финалето на Мундијалот 2018!? Во Зоолошката градина  во Скопје, како највесели прогнозери се покажаа лемурите. Кај овој вид на примати владее матријархат, односно главни се женките, па затоа и не е чудно што за светски шампион во фудбал, типуваше женка лемур.

А, нашата прогнозерка предвиде дека победник на Светското првенство во Русија ќе биде Хрватска. Дали нејзините прогнози ќе се остварат, останува да видиме во недела…

Се вчитува...