Ленард: Ако гледаш премногу во иднината ќе се заплеткаш во сегашноста

Новата ѕвезда на Торонто, Каваи Ленард, на промоцијата во новиот клуб не сакаше да одговори на прашањето дали во Канада ќе остане повеќе од една година.

Ленард сакаше да оди во Лос Анџелес, во Клиперс или во Лејкерс, но беше во исклучително лоши односи со претходниот клуб, Сан Антонио, па Спарс решија да го разменат во Торонто.

„Одиме ден по ден. Мојот фокус е на оваа сезона, на групата момци кои се тука. Сакаме да се бориме за титулата. Ако гледаш премногу во иднината можеше да се заплеткаш во сегашноста. Сакам да направам големи работи, ќе давам се од себе секоја вечер“ – изјави Ленард.

Тој веќе имал разговори со претседателот на клубот и со новиот тренер и објасни дека имаат исти цели за сезоната.

Торонто во минатата сезона имаше биланс од 59 победи и 23 порази. Беше елиминиран во второто коло од плејофот од Кливленд.

 

Се вчитува...