Леон Горецка ќе биде ново засилување на Астон Вила

Поранешниот играч за врска на Баерн, Леон Горецка, пронајде нов клуб. Станува збор за освојувачот на Лигата на Европа од минатата сезона, Астон Вила, пренесува новинарот Матео Морето.

Сега 31-годишниот германски репрезентативец, кој е слободен играч, веќе разговарал со менаџерот на клубот од Бирмингем и постигнат е устен договор за потпишување соработка.

Астон Вила планира следната недела да спроведе лекарски прегледи и да го ангажира Горецка.

Играчот за врска помина осум години во Баерн, одигра 327 натпревари и постигна 54 гола за Баварците, со кои седум пати ја освои титулата во Германија, како и три домашни купа и една Лига на шампиони. Сепак, неговиот договор со гигантот од Минхен истече ова лето и не беше продолжен.

Во текот на летото, Горецка се поврзуваше со трансфер во италијанските гиганти Јувентус и Милан, но на крајот не успеа да постигне договор со нив. Сепак, Германецот ќе има можност да настапува во Лигата на шампионите со својот нов клуб.

Се вчитува...