Леонард Жута пред заминување од Ријека, се враќа во Шведска!?

Поранешниот македонски репрезентативец Леонард Жута е пред заминување од редовите на хрватскиот прволигаш Ријека.

Жута е пред можност за трансфер во јануарскиот преоден рок, на што не би се противеле и од раководството на Ријека со оглед на тоа дека договорот му истекува на крајот од сезоната. Па хрватскиот тим сега би имал можност и за заработка од неговата преселба во нова фудбалска средина.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, доколку Жута замине од клубот во јануари стручниот штаб веќе има „пикирано“ и негова замена во името на Јан Лецјакс од Локомотива. Според информациите интерес за 26-годишниот Жута има од неколку шведски прволигаши. Жута во 2015 година токму од шведски Хакен се пресели во редовите на Ријека.

Се вчитува...