Леонардо: После корона-кризата ниту ПСЖ не може да прави трансфери од 100 милиони евра

Францускиот првак Пари Сен Жермен ќе ги загуби Единсон Кавани и Тијаго Силва ова лето, а спортскиот директор Леонардо јавно истакна дека после корона-кризата клубот нема да се осмели да реализира трансфер од 100 милиони евра. Имаше најави дека „светците“ се заинтересирани за Калиду Кулибали од Наполи и за Сергеј Милинковиќ – Савиќ од Лацио, но, сепак, тие нема да бидат реализирани.

„Ова што се случува ја засега целата планета и ние не сме имуни на тоа. Загубите ќе се рефлектираат на трансферниот пазар во Европа. Не верувам дека некој клуб ќе се осмели да купува фудбалери за 100 милиони евра. Ниту нашиот клуб. Прекинот на сезоната го чини ПСЖ загуба од околу 200 милиони евра“, истакна Леонардо.

ПСЖ даде понуда вредна 60 милиони евра до Лацио за Сергеј Милинковиќ – Савиќ, но таа беше глатко одбиена од раководството на италијанскиот калчолигаш.

Се вчитува...