„Леси се враќа дома“: Пол Погба пред камбек во Јувентус

Јувентус „крчка“ план на лето да го врати Пол Погба во своите редови, па „старата дама“ веќе подготвува „мега“ понуда и одличен договор за францускиот интернационалец. Договорот на 28-годишниот играч за врска со Манчестер Јунајтед истекува на крајот од сезоната и не се очекува да го обнови, со што ќе заврши неговиот шестгодишен престој на „Олд Трафорд“.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, сака повторно да го врати Погба во Торино.

„Бјанконерите“ размислуваат да му понудат плата од 7,5 милиони евра по сезона, исто колку и на Душан Влаховиќ, плус дополнителни бонуси со кои сумата може да достигне до вкупно зголемување од 10 милиони евра по сезона.

 

Се вчитува...