Лесор предизвика бура во Белград: Сега одам кај најдобриот тренер во Европа

Матијас Лесор го навлече бесот на голем дел од навивачите на Партизан откако на промоцијата во Панатинаикос изјави дека „заминал во Грција за да игра за најдобриот тренер во Европа, Ергин Атаман“. Без оглед на фактот што Лесор напомена дека тоа се однесува на последните пет години во кои Турчинот имаше две евролигашки титули со Ефес, во Белград ваквите коментари се гледаат како големо предавство од играч кој блесна благодарение на Жељко Обрадовиќ.

„Тренерот Ергин Атаман е најдобар во Европа во последните пет години. Два пати ја освои Евролигата, можеа да бидат и три да не беше прекината онаа сезона поради коронавирусот. Тој е искусен и добар тренер кој знае како се победува, што е многу важно. Едвај чекам да видам како ќе ја унапреди мојата игра, верувам дека ќе имаме успешна соработка“, изјави Лесор за официјалната веб-страница на Панатинаикос.

Францускиот центар веќе потпиша двогодишен договор со Панатинаикос, каде наскоро ќе добие уште еден соиграч од Партизан, грчкиот репрезентативец Папапетру кој се наоѓа пред камбек меѓу „зелените“ од Атина.

Се вчитува...