Лестер го продаде Чилвел, па донесе нов бек за двојно помалку пари

Лестер успеа да осигура дури 50 милиони фунти од продажбата на левиот бек Бен Чилвел во Челси, а „лисиците“ сега се на добар пат да донесат соодветна замена, и тоа за половина од добиените пари на англискиот репрезентативец.

Тимоти Кастањ ќе биде ново име во екипата на Брендан Роџерс, откако белгискиот интернационалец имаше извонредна сезона во дресот на Аталанта. Офанзивниот бек имаше импресивна сезона постигнувајќи осум гола и бележејќи десет асистенции. За неговите услуги се интересираа неколку италијански екипи, но Лестер е во преден план откако Брендан Роџерс се согласи да плати 25 милиони евра за да го доведе Белгиецот во својот тим.

Овој трансфер ќе донесе и огромна заработка за Аталанта, со оглед на фактот дека Кастањ пред три години беше доведен од Генк за шест милиони евра, а сега ќе биде продаде за четири пати повисока сума.

Се вчитува...