Лестер го среди Арсенал и го напаѓа Ливерпул на врвот

Лестер го совлада Арсенал со 2-0 и се искачи на втората позиција на табелата во Премиер – лигата со 26 бода, колку што има и третопласираниот Челси. „Лисиците“ играат фантастично и го напаѓаат и првото место на Ливерпул.

Џејми Варди го доведе Лестер во водство во 68.минута, а седум минути подоцна Џејмс Медисон ги урна надежите на Арсенал за бодови на овој меч.

Арсенал останува на шестата позиција со 17 освоени бода.

Се вчитува...