Лестер го среди Барнли и го чува врвот во Англија

Лестер стигна до втората победа во Премиер – лигата совладувајќи го Барнли со 4-2 на домашен терен. „Лисиците“ благодарејќи на гол-разликата отседнаа и на првата позиција на табелата со шест бода.

Крис Вуд го изненади домашниот тим со погодокот во десеттата минута, но Лестер возврати преку Харви Барнс десет минути подоцна. Во вториот дел, Лестер обезбеди предност со автоголот на Питерс, а потоа и Џејмс Џастин погоди за 3-1. Џејмс Дан даде надеж за гостите, но сите дилеми ги расчисти Денис Прает во 79.минута.

Се вчитува...