Лестер и Лидс се пласираа во осминафиналето на ФА купот (ВИДЕО)

Шампионот од 2021 година Лестер успеа да обезбеди пласман во осминафиналето на годинашното издание на ФА купот откако во 1/16 финалето славеше на гостувањето кај Валсал со минимални 0-1.

Клучниот момент во натпреварот се случи во 68. минута кога Келеши Ихеначо го постигна погодокот вреден осминафинале. „Лисиците“ можеа сите дилеми околу победникот да ги решат многу порано, но Јури Тилеманс не реализираше пенал во 48. минута.

До гостинска победа стигна и Лидс јунајтед кој беше убедлив на гостувањето кај Акрингтон со 1-3.

 

 

 

Се вчитува...