Лестер и Тотенхем се вратија во победнички ритам

Лестер го совлада Вест Хем со 4-1 на домашен терен, но го загуби првиот напаѓач Џејми Варди кој се повреди во првото полувреме. „Лисиците“ се вратија во победнички ритам, а по првиот дел имаа водство о 2-0 со головите на Харви Барнс и на Рикардо Переира. Марк Нобл намали од пенал, но во финишот Ајозе Перез со два гола го реши победникот.

Жозе Мурињо може да здивне затоа што и Тотенхем победи по подолг период. Лондонскиот тим славеше со 2-1 против Норич. Деле Али го донесе домашниот тим во водство, Тиму Пуки од пенал израмни во 70.минута, но десет минути подоцна Хјонг-Мин Сон постигна победнички погодок за Тотенхем.

Се вчитува...