Фудбалерите на Лестер не успеаја да ја продолжат победничката низа во Премиерлигата откако на отварањето на 34. коло гостувањето против Саутемптон го завршија со реми од 1-1.
Гостинскиот состав беше со играч повеќе уште од 10. минута на натпреварот кога Вестергард остро стартуваше над Варди и заработи директен црвен картон, меѓутоа фудбалерите на Лестер не успеаја да ја искористат предноста на теренот. Прв до гол стигна Саутемптон преку Ворд-Праус кој реализираше од белата точка во 61. минута од натпреварот, но водството на домаќините не траеше долго бидејќи само седум минути подоцна „сините“ го изедначија резултатот преку Еванс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА