„Лестер ќе се врати“

Лестер е еден од три клубови од Премиерлигата кои следната сезона ќе се натпреваруваат во Чемпионшипот откако во сезоната за заборав „лисиците“ завршија на 18. место на табелата со 34 освоени бодови, два помалку од оние кои водеа во зоната за опстанок.

Со тоа беше ставен крај на десетгодишниот настап во елитниот англиски фудбал, десет години во кои тимот од „Кинг Пауер“ ги доживеа најдобрите денови освојувајќи ја Премиерлигата, ФА Купот, Комјунити шилдот, учествуваше во четвртфиналето од Лигата на Шампиони и во полуфиналето од Конференциската лига.

А, сопственикот на Лестер, Аијават Шривадханапраба верува дека неговиот тим наскоро ќе се врати таму каде што припаѓа.

„Испаѓањето е незначајно тежок пораз, но тоа нас нема да не дефинира. Денеска сите заедно чувствуваме болка, но Лестер ќе се врати“, изјави газдата.

Се вчитува...