Лестер минимално со Брентфорд за осминафинале во ФА купот (ВИДЕО)

Екипата на Лестер се пласираше во осминафиналето во најстарото фудбалско натпреварување, ФА купот, откако со минимални 0-1 го совлада Брентфорд, клуб кој сезонава настапува во второто по ранг англиско натпреварување.

Клучниот момент во натпреварот се случи уште на самиот старт, кога во 4. минута Келеши Ихеначо донесе водство за „лисиците“ од 0-1. До крајот на мечот резултатот не се менуваше,  по што Лестер ја продолжи одличната сезона и обезбеди пласман меѓу шеснаесетте најдобри во ФА купот.

Се вчитува...