Лестер подготвува тим за кам-бек во Премиерлигата

Лестер испадна од Премиерлигата и така поранешниот шампион на Англија од следната сезона ќе игра во Чемпионшип.

Сепак, во Англија веруваат дека „лисиците“ би можеле брзо да се вратат во друштвото на најдобрите бидејќи ќе бидат први фаворити за тоа пред стартот на новата сезона. Медиумите на островот пишуваат дека Лестер веќе подготвува нов тим.

Прв на радарот е играчот од средниот ред на Квинс парк ренџерс, Илајас Чер, марокански фудбалер кој одигра вкупно 42 натпревари за КПР во сите натпреварувања сезонава, постигнувајќи пет гола и забележа девет асистенции.

Лестер веќе се раздели со белгискиот интернационалец Тилеманс, а најверојатно ќе се збогува и со Медисон, но се очекува да се потпишат уште неколку фудбалери со кои би се направил силен тим.

Се вчитува...