Лестер шокиран во 93. минута – Трезеге ја одведе Астон Вила во финалето

Астон Вила е првиот финалист во англискиот лига-куп откако вечерва во супердраматична завршница успеа да слави над Лестер со 2-1 и да ги елиминира „лисиците“ од ова натпреварување.

Првиот натпревар меѓу овие два тима заврши 1-1, а истиот резултат гласеше се до 93. минута, кога домаќините го постигнаа голот за победа преку Трезеге, кој со прецизен волеј удар ја затресе мрежата на гостите. Лестер имаше последна можност да израмни со слободниот удар на Медисон, но англискиот репрезентативец биеше само во живиот ѕид, по што домашните навивачи влетаа на терен за еуфорична прослава на големиот успех на овој тим.

Ривал на Астон Вила во големото финале најверојатно ќе биде Манчестер Сити, кој има предност од 3-1 од гостинската победа на првиот меч со градскиот ривал Манчестер Јунајтед.

 

Се вчитува...