Лестер со ВАР-препорака до триумф во последен час, реми за Јунајтед дома

Лестер ја продолжи победничката низа откако го совлада Евертон со 2-1, со погодок во 94.минута што го постигна Кенечи Ихеаначо, а беше потврден и со ВАР-технологијата. Евертон поведе со голот на Ришарлисон во 23.минута, а израмни Џејми Варди во 69.минута од дуелот.

Лестер сега има осум бода негатива во однос на лидерот Ливерпул и се наоѓа на втората позиција.

Манчестер Јунајтед ремизираше 2-2 против Астон Вила на „Олд Трафорд“. Грилиш постигна прекрасен гол за водство на гостите во 11.минута, Рашфорд успеа да израмни со помош на голманот Том Хитон во 42.минута.

Виктор Линделоф се погрижи за пресврт во 64.минута, но само две минути подоцна Астон Вила израмни со голот на Тајрон Мингс.

Се вчитува...