Лестер убедлив против Астон Вила

Лестер ја прекина низата од четири меча без победа во Премиер – лигата и убедливо го порази составот на Астон Вила со 4-0. Тимот на Брендан Роџерс се зацврсти на третото место на табелата со 53 бода, пет повеќе од Челси.

Харви Барнс во 40.минута донесе водство за Лестер по големата грешка на гостинскиот голман Реина, Џејми Варди ги постигна следните два гола, а серијата повторно ја затвори Барнс. Астон Вила немаше вистински одговор за расположените фудбалери на домашниот тим и останува на претпоследната позиција со 25 бода.

Се вчитува...