Лестер во финишот се спаси од пораз од Кристал Палас (ВИДЕО)

Лестер одигра само нерешено 1-1 на гостувањето кај Кристал во премиерниот натпревар од 16. коло во англиската Премиер-лига.

Келечи Ихеначо не успеа да реализира пенал во 19. минута, по што следеше казна во 58. кога Вилфред Заха донесе водство за домаќините од 1-0. Барнс во 83. минута го спаси Лестер од пораз и ги постави конечните 1-1.

Лестер со ремито изби на 2. позиција на првенствената табела со 29 бода, додека Кристал Палас сега  е 13. со 19 бода.

 

 

 

Се вчитува...