Лестер во јануари го продава Слимани

Англискиот премиерлигаш Лестер одлучи да го продаде своето најскапо засилување од ова лето, Ислам Слимани. Тој дојде од Спортинг Лисабон за сума од 30 милиони фунти, но не ја оправда довербата. Токму поради ова, новиот менаџер на „лисиците“, Клод Пуел, донесе одлука да го стави на трансфер – листа.

Слимани има одиграно само десет минути како резерва во составот на Лестер откако Клод Пуел го наследи Крег Шекспир на кормилото на овој клуб. Според информациите од Островот, тој би можел да се врати и во Спортинг Лисабон како позајмен играч до крајот на сезоната.

Се вчитува...