Летна „изолирана“ Премиер-лига во стилот на Светско првенство: Може ли да се спаси сезоната?

Премиер-лигата да биде комплетирана во јуни и во јули, клубовите да биде изолирани како репрезентациите на Светско првенство во централна Англија и во Лондон. Ова се дел до плановите за комплетирање на сеозната 2019/20. За овие идеи, челниците на Лигата разговарале во текот на викендот. Се поизвесно е дека за клубовите најприфатливо би било да играат без публика, а идејата за тимовите да бидат во изолирани кампови добива се повеќе на интензитет во последните денови.

Огромните договори за телевизиски права како и другите финансиски обврски им прават огромен притисок на клубовите. Она што се планира да биде направено е остатокот од сеозната да биде преворен во „голем ТВ настан“. Се инсистира на преноси од сите преостанати 92 натпревари.

Ваквите планови добиле поддршка и од владата затоа што враќањето на Премиер-лигата би било од големо значење за нацијата во карантин, а паралелно би биле почитувани и мерките кои помагаат во одбрана од коронавирусот.

За да биде реализиран ваквиот план, клубовите и тимовите кои работат со нив би биле одвоени во одделни хотели и одвоени од семејствата, исто како на репрезентативните турнири. Карантинските услови и тестирањето би биле задолжителни.

 

Се вчитува...