Летонката Севастова ја елиминира Марија Шарапова од УС Опен

Летонската тенисерка Анастасија Севастова ја совлада Марија Шарапова и се пласира во четвртфиналето на УС Опен, каде ќе ги одмери силите со Слоан Стивенс. Севастова е 16.носителка на гранслем турнирот, а успеа да се врати во мечот, иако го загуби првиот сет со 7-5.

Летонката заигра многу подобро во продолжението и ги доби наредните два сета против Шарапова со 6-4 и 6-2.

Слоан Стивенс беше подобра од Јулија Гергес совладувајќи ја со 2-1 во сетови (6-3, 3-6, 6-1).

Се вчитува...