Левандовски: Еве зошто сакав да си заминам од Баерн…

Роберт Левандовски беше во фокусот на вниманието на германската фудбалска јавност во текот на целото лето, откако полскиот голгетер јавно побара да му биде дозволено да си замине од Баерн Минхен. Сагата траеше неколку месеци, уште од последните кола од ланската сезона, за на крајот Полјакот да ја прифати реалноста – дека има долгогодишен договор со клубот кој нема намера да го продаде.

На неколку дена пред стартот на новата сезона во Бундес-лигата, Левандовски во интервју за весникот „Билд“ проговори за причините за своето незадоволство.

„Во април и мај бев цел на огромни критики, а никој во клубот не наде за важно да ме заштити барем малку. Имавме важни натпревари на кои не постигнав гол, но залагањето ми беше исто како и секогаш. Мој став е дека некој тогаш требаше да застане во моја одбрана, се почувствував изневерено и затоа посакав да си заминам“ – изјави Левандовски.

Ставот му се променил по натпреварот меѓу Баерн Минхен и Манчестер јунајтед, кога добил огромна поддршка од трибините.

„Тогаш сфатив дека навивачите се уште ме сакаат, колку им значам и колку сакаат да останам. Тоа беше моментот на пресврт, решив да останам и повеќе не ни размислувам на трансфер. Сите мои погледи се насочени кон новата сезона со Баерн“ – истакнува најдобриот стрелец на баварскиот гигант.

Се вчитува...