Левандовски на лето прави неочекуван трансфер во ривалот на Барселона?

Иако има договор на уште две години, Роберт Левандовски на лето би можел да ја напушти Барселона. Наводно каталонскиот клуб сака да се откаже од Полјакот, и да му даде шанса на младиот Витор Роке.

Левандовски стигна во Барселона летото 2022 година од Баерн Минхен за 45 милиони евра, а минатата сезона беше еден од најзаслужните за трофејот во Ла Лига. Меѓутоа во оваа сезона е далеку од неговта најдобра голгетерска форма. Често се наоѓа на мета на критики, а сега извесно е негово заминување во друг клуб.

Шпанските медиуми откриваат дека многу лесно може да се случи Левандовски да замине во Мадрид, и тоа во тимот на Атлетико кој е заинтересиран за неговите услуги. Иако можеби ќе делува шокантно, сепак, нема да биде прв трансфер меѓу овие два тима. Во последните неколку години многу често се случувало играчи да настапуваат и за двата тима. Последен пример е Жоао Феликс кој од Атлетико отиде во Барселона.

Претходно за двата тима играа Гризман, Туран, Давид Виља, Луис Суарез…

Се вчитува...