Левандовски си го смени агентот, летово си оди од Баерн Минхен

Роберт Левандовски се подготвува за летен трансфер и заминување од Баерн Минхен, откако денеска беше обелоденето дека ја прекинува соработката со својот досегашен агент Чезари Кухарски.

Тој се грижеше за чекорите низ кариерата на Левандовски уште од 19-годишна возраст, кога голгетерот како тинејџер настапуваше во втората лига на Полска. Сепак, неуспешните обиди за трансфер во последните две лета го натераа Полјакот на ваков чекор, се со цел да му се исполни желбата и да си замине од „Алијанц арена“, по бројните трофеи освоени во дресот на баварскиот гигант.

Иако не е официјално потврдено, нов агент на Левандовски би требало да биде Пини Захави, израелскиот супер-менаџер кој се грижеше за кариерите на Рио Фердинанд, Дидие Дрогба, Јап Стам, Хуан Себастијан Верон, Петр Чех… Станува збор за агент што своевремено имаше одлични врски со Челси и со Манчестер јунајтед, па не се исклучува можноста овие два клуба наредното лето да се вклучат во трката по Полјакот.

Се вчитува...