Левандовски заборави како се даваат голови надвор од Барселона

Барселона се наоѓа во резултатска криза, а една од причините сигурно е и слабата голгетерска форма на Роберт Левандовски. Полјакот е далеку од посакуваниот ритам, досега има само осум погодоци зад своето име, четири помалку од најдобриот стрелец Џуд Белингем, а станува се поочигледно дека овој голгетер од светска класа не се снаоѓа најдобро во тактичките замисли на тренерот Чави.

Особено алармантен е неговиот пост кога станува збор за гостувањата, ако се знае дека Левандовски повеќе од три месеци нема постигнато гол надвор од Барселона. Последен пат тој беше прецизен на дуелот со Осасуна на „Ел Садар“, кога од пенал стрелаше прецизно за триумф од 1-2.

Од тој 3 септември па се до ден денеска Левандовски се мачи, не успевајќи да најде начин да го „скрши мразот“ и да се врати во голгетерски ритам. Следна шанса за прекинување на овој „пост“ напаѓачот ќе има на вечерашното гостување против Валенсија. Тој досега има одиграно еден меч на „Месталја“ и постигна еден гол, за ланскиот триумф од 0-1 на асистенција на Рафиња, па навивачите на Барса се надеваат дека тој вечерва ќе се разбуди и повторно ќе биде човек на одлука за каталонскиот гигант.

Се вчитува...