Левандовски започна да тренира, под знак прашалник за дуелот со ПСЖ

Најдобриот стрелец на Баерн, Роберт Левандовски повторно тренира, но клубот најавува дека нема да игра на реваншот против Пари Сен Жермен во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Роберт Левандовски повторно тренира од денес, но од Баерн велат дека тој е „недостапен“ за натпреварот што тимот го игра во вторник во Париз, каде ќе се обидат да ја надополнат разликата од првиот натпревар на кој победи ПСЖ со 3-2.

Левандовски се повреди на лигаментите на десното колено и не тренираше до денес. Првичната проценка беше дека тој ќе отсуствува околу четири недели, но закрепнувањето очигледно оди подобро од очекуваното и Полјакот започнал да тенира со своите колеги.

Се вчитува...