Леванте и Барди имаа водство од 2-3, но загубија во „голеадата“ од Еспањол (ВИДЕО)

Леванте и македонскиот репрезентативец Енис Барди тешко доаѓаат до бодови сезонава во Ла Лига, запишувајќи пораз и во 17. коло на гостувањето од Еспањол со 4-3.

А, Барди и Леванте на полувремето имаа предност и од 1-2, потоа во 57. минута и од 2-3 откако Моралес погоди за ново водство но на крај загубија во „голеадата“.

Еспањол со двата гола на Пуадо во 60. и во 76. минута успеа да дојде до целосен пресврт и триумф од 4-3.

Барди на дуелот настапи до 84. минута. Леванте, по овој пораз, остана со само 8 бода на последното место во Ла Лига.

Се вчитува...