Леверкузен го совлада Ајнтрахт и ја направи супер-интересна борбата за ЛШ во Германија (ВИДЕО)

Баер Леверкузен славеше со 3-1 против Ајнтрахт Франкфурт во 31. коло во германската Бундеслига. Домаќините поведоа со голот на Бејли во 70. минута, на 2-0 зголеми Аларио во 80. Андре Силва во 91 намали на 2-1, но само минута подоцна Демирбај ги постави конечните 3-1.

Леверкузен со триумфот стигна до 50 бода, односно шест помалку од денешниот противник кој се наоѓа на четвртото место.

 

 

Се вчитува...