Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви изјави дека пред неколку години направил грешка со тоа што ги поставил Жозе Мурињо и Антонио Конте како менаџери на својот тим, додавјќи дека под водство на Постекоглу има шанси екипата повторно да биде на врвот на англискиот фудбал.
Во март поранешниот тренер на Јувентус се реши да си замине од Тотенхем, а претходно доби отказ и Мурињо, кој дојде да го замени Покетино.
Леви беше жестоко критикуван за неуспехот на клубот кој нема ниту еден трофеј веќе 15 години.
„Мурињо и Конте се одлични менаџери, но не за овој клуб. Ние сакаме да играме на одреден начин и тоа значи дека патот на успехот може да потрае малку подолго. Токму затоа мислам дека носењето на Постекоглу беше вистинска одлука. После Покетино, со кого за малку не дојдовме до трофеј, беше потребно да се донесе успешен тренер. Донесовме еднаш, па уште еднаш, но тоа не даде резултати, и сега мораме да учиме од нашите грешки“, изјави Леви.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА