Лидс и Алиоски ќе добиеја моќен газда, но Радризани ги одби катарските тајкуни

Катарската корпорација „Катар спортс инвестмантс“ се обидува да купи акции во Лидс откако одлучи да се пресели во англискиот фудбал. КСИ, кој е сопственик веќе на ПСЖ, е фрустрирана поради неуспесите со францускиот шампион па сега посакува вложување и во англискиот фудбал.

Според пишувањата, КСИ планира вложување огромни финансиски средства во Лидс, па се зборува дека тимот на Езгијан Алиоски доколку Катарците влезат во клубот би добил 300 милиони фунти за засилувања ова лето.

Сепак, извори блиски до сопственикот на Лидс, Андреи Радризани тврдат дека Италијанецот планира да си го зачува својот удел во Лидс и вкупната контрола на „Еланд роуд“. Радризани со клубот управува веќе две години, единствено што минатото лето продаде мал дел од уделите на инвеститор од Сан Франциско во замена за финансиска инјекција од 11 милиони фунти.

Меѓутоа, вистина е и дека Лидс се соочува со значаен финансиски притисок. Забележан е минус од повеќе од 4 милиони фунти за финансиската година 2017/2018. Секако, се ќе беше сосема поинаку ако сега успееја да се пласираат во Премиерлигата.

Се вчитува...