Лидс победува лудо, прв меч за Алиоски во Премиер – лигата

Лидс Јунајтед ја оствари првата победа (4-3) во Премиер – лигата по пауза од 16 години, а во неа учествуваше и македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски. Тоа беше и прв натпревар за Алиоски во најквалитетното англиско фудбалско друштво. Влезе на теренот на „Иланд Роуд“ во 70.минута на местото на Патрик Бамфорд.

Хелдер Коста во петтата минута го доведе Лидс во водство, а израмни Александар Митровиќ од пенал во 34.минута. Пред крајот на првиот дел беше досуден пенал и за Лидс, а во гол го претвори Матеуш Клих.

Во второто полувреме, Балфорд и Хелдер Коста постигнаа уште по еден гол за тимот на Марсело Биелса, а Фулам до крајот намали на 4-3 со головите на Боби Реид и на Александар Митровиќ.

Се вчитува...