Лидс стави крај на неверојатниот рекорд на Вирџил ван Дајк

Лидс со победа на „Енфилд“ од 2-1 стави крај на неверојатната низа од 70 натпревари без пораз на Вирџил ван Дајк пред своите навивачи. Во овој период „црвните“ славеа на 59 натпревари, а на 11 одиграа нерешено во сите натпреварувања.

Холандскиот стопер пристигна во Ливерпул во 2018 година како тогаш рекорден трансфер од 84.7 милиони евра и целосно ги исполни очекувањата, наметнувајќи се како вистински лидер.

Интересно и самата победа е историска за Лидс кој го забележа првиот триумф против Ливерпул од 2001 година кога исто така славеше со 2-1.

 

Се вчитува...