Лига-куп на Англија: Ливерпул и Сити сигурни, Евертон елиминиран на пенали

Ливерпул и Манчестер Сити рутински ги минаа првите пречки во лига-купот на Англија, иако Јирген Клоп и Пеп Гвардиола одморија голем дел од играчите кои се стартери на премиерлигашките натпревари на овие два англиски гиганти. Ливерпул славеше на гостувањето против Норвич со 0-3, благодарение на головите на Минамино (два) и на Ориги. Херој беше и голманот Келехер, кој во првото полувреме при резултат 0-1 имаше неколку одлични интервенции, меѓу нив и еден одбранет пенал.

Сити го растури Вајкомб со 6-1 иако гостите први стигнааа до предност на „Етихад“. Тоа само ги налути „пулените“ на Пеп Гвардиола, кои до крајот на мечот ја наполнија мрежата на гостинскиот состав преку Марез (два), Де Бруине, Торес, Фоден и Палмер.

Евертон е елиминиран на гостувањето против КПР откако тимот на Рафа Бенитез загуби во пенал-рулетот од екипата што се натпреварува во Чемпионшип-дивизијата. Пенали се изведуваа во седум серии, во првите шест сите шутери беа беспрекорно прецизни, за во седмата Дејвис да го промаши својот удар од белата точка, за елиминација на „карамелите“ од ова натпреварување.

Уште поинтересно беше на дуелот меѓу Фулам и Лидс, каде избраниците на Марсело Биелса се пласираа во следната рунда по дури осум серии пенали, благодарение на одличниот голман Мелие.

Се вчитува...