Лига-куп на Англија: Вест Хем му се реваншираше на Јунајтед, Челси на пенали подобар од Астон Вила (ВИДЕО)

Вест Хем му се реваншираше на Манчестер Јунајтед за поразот во Премиер-лигата минатиот викенд, откако славеше во Лига купот со минимални 0-1. Клучниот момент на натпреварот се случи уште во 9. минута кога Ланзици успеа да го матира Дин Хендерсон.

Челси по изведување на пенали ја совлада Астон Вила со 4-3. По 90. минути резултатот беше 1-1 откако прво Тимо Вернер во 54. минута донесе водство за Челси, додека на 1-1 израмни Арчер во 64. минута.

ЛИГА КУП АНГЛИЈА РЕЗУЛТАТИ: 

Брајтон – Свонси 2-0

Арсенал – Вимблдон 3-0

Челси – Астон Вила 1-1 (пенали 4-3)

Манчестер Ј. – Вест Хем 0-1

Милвол – Лестер 0-2

Вулверхемптон – Тотенхем  2-2 (пенали 2-3)

Се вчитува...